Џенифер Лопез и Бен Афлек видени како се бакнуваат во ресторан
Џенифер Лопез и Бен Афлек беа видени како се бакнуваат во ресторанот Нобу во Малибу во неделата.
Ручекот, наводно, бил организиран по повод педесеттиот роденден на сестрата на Џенифер Лопез - Линд. Присутни беа и нејзините деца Макс и Ема (13), која ги доби од бракот со Марк Ентони.
Афлек и Лопез беа свршени во 2002 година и овој април започнаа да се шират гласини дека се помириле. Нивната обновена романса се случи само неколку недели откако Лопез раскина со вереникот Алекс Родригез.
Оттогаш, овој популарен пар се обидува да помине што повеќе време заедно. Во мај, тие престојуваа во луксузното одморалиште Јелоустоун, Монтана, а потоа изнајмија куќа за одмор во Мајами.
Лопез наводно наскоро ќе се пресели во Лос Анџелес за да може да помине повеќе време со него. Тие сè уште не се одлучиле официјално да потврдат дека се во врска.
https://www.youtube.com/watch?v=jIIUSEI5-Mg