Откриено колку Роналдо и плаќа на Џорџина месечно

Фото: Getty Images

Се очекува семејството Роналдо да не е просечно семејство, да не чуваат пари во тегла на фрижидер кои би ги користеле за своите потреби, но „Gazeta delo Sport“ објави пред извесно време дека Кристијано и плаќа на сопругата Џорџина месечен приход.

Објаснувајќи дека на овој начин Роналдо му се „оддолжува“ на својот животен сопатник за поминување на времето претежно дома и чување деца, со акцент на фактот дека покрај нивната ќерка Алана Мартина, ги воспитува и децата на Роналдо, Ева и Матеа.

Англискиот таблоид „The Sun“ се вклучи во целата приказна, која за разлика од „Gazeta delo Sport“ (кои ја наведуваа сумата помеѓу 50.000 и 100.000 евра), тие беа поточни и напиша дека Роналдо на Џорџина и дава приход од 80.000 фунти секој месец.

Во истиот текст, „Gazeta delo Sport“ исто така изјави дека Џорџина Родригез заработува за животот во Италија на уште неколку популарни начин, тие открија дека таа добива 8.000 евра за рекламна фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, и дека бара дури 100.000 евра за интервју.