Погледнете го првиот трејлер за играта Forza Horizon 5
Forza Horizon 5 е следниот наслов во франшизата Forza, а сега е објавен и првиот трејлер.
Играта Forza Horizon 5 пристигнува во конзолите Xbox Series X, Xbox Series S и Xbox One, како и на компјутер на 9 ноември, а ќе биде достапна од првиот ден преку Xbox Game Pass.
Играта е развиена од „Playground Games“, и е симулација на возење од отворен свет што ги носи играчите во разни прекрасни делови на Мексико, вклучувајќи вулкани и дождовни шуми.