Трендинг :

Ова се најпопуларните дестинации во декември

Доколку сте љубители на зимата и празниците, тогаш овој божиќен период е совршен за патување во Европа. Од друга страна, ако повеќе ве привлекуваат потоплите предели, можеби сега е идеално време да отпатувате во некоја далечна земја за која долго сонувавте.

Airbnb откри кои дестинации според побарувачката на нивните клиенти се најпопуларни во пресрет на празничната сезона, а резултатите се доста различни. Некои од овие локации се многу атрактивни, па не нè чуди што се на оваа листа, но има и некои други, помалку познати места на кои исто така вреди да им се даде шанса.

Сиднеј, Австралија
На самиот врв на оваа листа е најнаселениот и најстариот град во Австралија, кој неодамна стана исклучително популарен меѓу љубителите на патувања. Живата уметничка и културна сцена, бројните иконски знаменитости како што се Операта и плажите во доцните часови се само некои од многуте причини зошто вреди да се патува на другиот крај на светот.

https://www.youtube.com/watch?v=na9eBzLMhTg&ab_channel=AndrePerneel

Малага, Шпанија
Доколку барате дестинација која е малку поблиску, Шпанија е совршен избор. Малага долго време е една од најпопуларните дестинации меѓу оние кои сакаат да избегаат во потоплите региони во текот на зимата. Просечната температура на воздухот во текот на декември во Малага е околу 17°C, што е доволно топло за да одите на плажа и да ги истражите сите знаменитости што ги нуди овој град.

https://www.youtube.com/watch?v=Mh2lFDWD0IY&ab_channel=Barnyz

Банкок, Тајланд
На оваа листа се наоѓа уште една исклучително популарна дестинација, а тоа е главниот град на Тајланд, Бангкок. Овој малку хаотичен град нуди бројни интересни работи и богата гастрономска понуда, а годишно го посетуваат околу 40 милиони туристи. Со температури над 30°C, Бангкок е совршен избор за секој кој бара бегство од студената европска зима. На крајот на краиштата, Божиќ поминат на плажа и не звучи толку лошо, нели?

https://www.youtube.com/watch?v=P4TwiOX0-KU&ab_channel=Exploropia

Осло, Норвешка
Уште една супер дестинација за сите љубители на зимата и зимските авантури е норвешката престолнина, која освојува со неверојатна архитектура, но и со природни феномени кои го одземаат здивот.

https://www.youtube.com/watch?v=y3PtUfld1sU&ab_channel=CrazyTroll-TravelNorway

Рајски острови за туристи кои не сакаат гужва на плажа

За оние патници кои би сакале да уживаат на одмор на остров кој не е толку популарен меѓу туристите, но кој нуди се што ви треба за одмор на рајските плажи покрај кристално чистото море, се препорачуваат следните дестинации.

Островот Кон Сон, Виетнам
Тоа е остров од камени карпи, тиркизно море и ветровити плажи каде што нема многу посетители. Недостатокот на продавници и барови се заменува со првокласни бањи и приватни водичи, кои ќе ве одведат низ живописните области на овој виетнамски остров.

Островот Мафија, Танзанија
Околу 40.000 луѓе живеат на островот Мафија, кој припаѓа на Танзанија. Островот во форма на полумесечина го посетуваат само неколку илјади туристи годишно, што му овозможува да остане неверојатно чист, особено морето, за кое се вели дека е една од најдобрите места за нуркање во светот.

Островот Ла Гомера, Шпанија
Ла Гомера е вториот најмал остров во ланецот Канарски Острови. Прекрасните предели се испреплетени со пешачки патеки опкружени со дрвја од банана и карпи покриени со мов. Причината зошто овој остров не е полн со туристи лежи во аеродромот, кој поради својата големина не може да прифати меѓународни летови, а туристите најчесто доаѓаат со бродови.

 

Тахити: Илјадници километри далеку од реалноста

Прекрасните плажи во заливите на Тахити се од вулканско потекло, а неговото кристално сино море е вистинска атракција за љубителите на подводниот свет и нуркање. Можете исто така да се обидете да собирате црни бисери и да се почестите со одмор во сенката на палмите, илјадници километри подалеку од реалноста.

Посебна атракција се школките со црни бисери кои имаат светска репутација, а колекцијата на црни бисери е специјално организирана со патувања до специјални заливи.

Кога станува збор за нуркање и кристално чисто море, видливоста е совршена до длабочина до 40 метри, така што е можно да се видат многу видови на животни во подводен свет кои живеат само овде - морски желки, шарени тропски риби, ајкули, па дури и китови од 15 метри.

Тахитската традиционална музика и танц, заедно со спектакуларните зајдисонца, се нешто што никогаш не се заборава.

Можете да го запознаете Тахити на различни начини, од посета на пазарот во срцето на градот, кој зазема особено важно место, каде што можете да купите рачно изработени производи, ванила, масла, тропско овошје, цвеќиња, бисери… до кружни тури каде ќе останат без здив гледајќи ги скриените водопади и прекрасниот пејзаж на крајбрежјето.

Најдобриот ресторан во светот сместен во Бали

Како изгледа најдобриот ресторан во светот и што е потребно за да го направите ресторанот најдобар. Вкусна храна, незаборавен амбиент, љубезен персонал или беспрекорна услуга?

Ресторанот „Корал“, во рамките на луксузниот хотел „Apurva Kempinski“ во Бали, е фантастичен пример и со право е прогласен за најсовршениот ресторан во светот.

Ресторанот „Корал“ ја доби својата титула благодарение на уникатниот ентериер - се наоѓа во аквариумски простор.

Аквариумот е одличен начин за релаксација - ви дава можност да уживате во водниот свет без да нуркате во беспрекорните води што го опкружуваат Бали.

Внатрешноста на ресторанот е раскошна и зрачи со луксузни вибрации со геометриски плочки, многу природна светлина и ѕидови од тули.

Сите чаролии на Барбадос

Барбадос е познат по своите долги, бели песочни брегови, нереални тиркизни бранови и прекрасни плажи. Сепак, овој карипски остров нуди многу повеќе.

Покрај тоа што долго време важеше за една од најпознатите тропски оази, Барбадос е и уметничка оаза, рај за гурманите и идеално место за секој авантурист.

Патем, скоро сите ресторани во Барбадос имаат таква положба што со ручек или вечера имате директен поглед кон тиркизно синото море, што на сето ова му дава посебно задоволство.

Оние што ќе дојдат на Барбадос, можат многу лесно да го истражат со изнајмен автомобил. Внатрешноста на островот е доста ридска, па затоа е најдобро да се земе џип. Сепак, за оние кои не сакаат да возат, најдобриот начин да го видат островот е со локални автобуси, кои се екстремно ефтини, и од кои можете да излезете каде сакате.

И додека главните сместувачки капацитети се наоѓаат на запад од островот, источниот дел има зачудувачки плажи, кои најмногу ги користат локалното население, а кои не се комерцијализирани, така што тие претставуваат недопрен рај на земјата. Точно, брановите тука се далеку повисоки, така што ова место не е многу идеално за пливање, но затоа е идеална локација за сурфери. Најпознати плажи за сурфери се плажата Крејн и Фаул Беј, кои претставуваат вистинска недопрена природа.

Нови мерки во Албанија, цените се зголемија

Од денес, времето за пуштање музика во Албанија ќе биде продолжено, а полицискиот час и понатаму ќе биде на сила од 00:00 до 06:00 часот.

Од денес, баровите и кафулињата во Албанија имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, наместо до 22 часот како што беше во изминатиот период, полицискиот час е сè уште на сила од 00 до 6 часот наутро, објави Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерките против коронавирусот денеска.

Од 15 јуни, до 50 лица имаат дозвола да се собираат надвор, додека носењето маска во затворен простор е сè уште задолжително, пренесува порталот Албански дневни вести.

Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3 проценти во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.

По девет месеци, Ајфеловата кула e отворена за посетителите

Ајфеловата кула ќе биде отворена за посетители на 16 јули во Париз, првпат по девет месеци, најдолг од нејзиното затворање од Втората светска војна.

Лифтовите на кулата повторно ќе работат и ќе ги носат посетителите на висина до 300 метри, со што ќе заврши периодот на заклучување поради пандемијата на коронавирусот.

Дневниот капацитет ќе биде ограничен на 13.000 посетители, што е приближно половина од нормалното ниво, со цел да се почитува физичката оддалеченост, објави АФП.

Посетителите ќе треба да покажат доказ дека биле вакцинирани или биле тестирани негативно на коронавирус, што е во согласност со прописите што неодамна ги донесе француската влада.

 

Најдлабокиот базен за нуркање е отворен во Дубаи

Deep Dive Dubai, најдлабокиот базен за нуркање во светот, е длабок 60 метри и неодамна беше отворен во Дубаи.

Дубаи е туристички и деловен центар со пустински терен и со месеци има високи летни температури, има репутација на раскошно одморалиште, со атракции како затворен скијачки центар полн со снег, големи водни паркови и највисоките згради во светот.

Базенот, кој е еквивалентен на шест олимписки базени, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдлабокиот базен за нуркање во светот. Deep Dive Dubai наведува дека базенот е подлабок 15 метри од кој било друг во светот.

Тука луѓето можат да се спуштат на 60 метри до поплавениот град и да играат аркадни игри. На патот надолу има две суви простории исполнети со воздух.

Посетителите можат да вежбаат нуркање - со резервоар за воздух - и бесплатно нуркање - каде што нуркачите едноставно го задржуваат здивот. Најдлабокиот базен на светот е и најголемото подводно филмско студио во регионот.

Во Шангај отворен највисокиот хотел на светот: Најевтината ноќ чини 557 долари

Највисокиот хотел во светот беше отворен во Шангај на 19 јуни, а беше именуван како J Hotel Shanghai Tower.

Сместен е на надморска височина од 632 метри, сместен е во највисоката зграда во Кина. Има 165 луксузни соби, од кои 34 се апартмани.

Најскапиот апартман се вика „Шангајски апартман“ и се простира на 380 квадратни метри. Покрај спалната соба, има и салон, работна соба, кујна, простор за физиотерапија и простор за облекување.

Најевтината ноќ чини 557 долари, додека ноќта во „Шангајскиот апартман“ чини 10.467 долари. Има седум ресторани, од кои едниот се наоѓа на 120-от кат. Меѓу другото, во рестораните се служи јапонска и италијанска храна.

https://www.youtube.com/watch?v=E8murKitWf8

Хотелот е дел од еден од најголемите кинески хотелски ланци наречен Jin Jiang International. Ланецот е во сопственост на државната комисија за надзор и управување.

И покрај фактот дека пандемијата значително влијаеше на туризмот, ширум светот се одржува трка во тоа кој ќе го направи најдобриот и највисокиот хотел, пишува Си-Ен-Ен.

Римскиот Колосеум за прв пат во историјата го отвора своето подземје за посетителите

Граѓаните и посетителите на Рим наскоро ќе можат да го посетат подземјето на Големиот Колосеум, кое е отворено за јавноста за прв пат откако е изградено, пишува Си-Ен-Ен Травел.

Сите заинтересирани ќе можат да прошетаат низ ходниците и да го видат просторот каде што престојувале гладијатори и животни пред да стапнат во арената.

Хипогеумот тогаш го осветлуваа свеќи, но поради уништениот терен, сончевата светлина сега продира низ неа. Влегувајќи во подземниот свет, посетителите ќе можат да откријат како навистина работел Колосеумот и да создадат појасна слика за тоа како изгледале борбите со гладијатори.

Подготовките за свеченото отворање траат од 2011 година, дел од подземјето беше отворено во 2016 година, а во 2018 година започна големо реновирање. Реновирањето беше накратко паузирано во 2020 година поради пандемијата на коронавирусите и беше завршени во текот на првата половина на оваа година.

Еве како изгледаат цените на разговорите и сурфањето во земјите кои најчесто ги посетуваме за одморите

Бидејќи роамингот во регионот нема да биде укинат ова лето, како што е најавено, односно одлуката ќе зависи од самите оператори, се покажа дека најповолна и наједноставна опција при престој во странство е да се купи локална СИМ-картичка со при-пејд пакет кој вклучува одреден број минути, СМС пораки и Интернет.

Повеќето компании нудат и специјални пакети за туристи, кои обично важат 7, 15 или 30 дена. И, сите овие пакети можете да ги купите по многу прифатливи цени кои започнуваат од неколку евра за „целосен“ роаминг седум дена.

Значи, ако сакате да ги прочитате новостите на телефон од плажа или да гледате цртани филмови на YouTube, доволно е да понесете дополнителен телефон, така што вашата картичка да ви остане достапна. Сепак, треба да се внимава одредени телефони на пазарот, особено оние купени преку оператори, да не работат со странски картички.

Друга опција е ако имате телефон со две СИМ-картички. Во овој случај, доволно е да вметнете друга картичка во уредот.

Еве како изгледаат цените на разговорите и сурфањето во земјите кои најчесто ги посетуваме.

Хрватска

Во Хрватска има неколку пакети кои им овозможуваат на туристите да ги користат своите мобилни телефони по разумна цена за време на празниците.

Така, на пример, за само 3 евра можете да добиете 2.500 МБ интернет и 400 минути или СМС-пораки што треба да ги користите во рок од 7 дена. Ова е генерално доволно за просечен корисник, бидејќи некој што редовно користи интернет на својот телефон за да чита вести, е-пошта и преписки, додека повремено гледа видео-содржина, троши околу 5 GB интернет за еден месец.

Во пакетите кои чинат од 10 до 12 евра и траат 30 дена, корисниците можат да добијат од 4 до 7 GB Интернет, со 2.000 минути време за разговор или СМС-пораки.

Црна Гора

Неколку припејд пакети се исто така достапни на црногорското приморје, а некои се создадени само за туристи кои доаѓаат на летни одмори.

Ако ви е важен само интернетот, припејд пакетите за патувања кои содржат 500 GB, ќе ве чинат 10 евра за 15 дена, или 15 евра доколку сакате да ги потрошите 30 дена.

Ако сакате да контактирате со вашето семејство или пријатели од време на време, седумдневен пакет од 50 евра кредит и 50 GB интернет ќе ве чини 5 евра, додека пак пакет од 100 евра кредит и 200 GB интернет вие 10 евра и мора да ги користите во рок од 15 дена. За оние кои ќе се решат за подолг одмор, веројатно најдобра опција е пакет кој трае 30 дена и чини 15 евра, а во кој ќе добиете 500 GB интернет.

Словенија

За оние кои го сакаат северниот дел на Јадранското Море, податоците за цените на мобилните услуги во Словенија исто така ќе значат.

Во оваа земја, најпопуларните припејд пакети се тие што можете да ги потрошите во рок од 30 дена. Значи, за 10 евра можете да добиете 100 GB Интернет, 100 минути време за разговор и 100 СМС-пораки. За 15 до 17 евра, ќе добиете неограничени минути и СМС пораки со иста количина на интернет.

Грција

Како што објавија некои луѓе што живеат и работат во Грција, во оваа земја, припејд картичките се купуваат исклучиво во продавниците на мобилни оператори и со пасош.

Постојат различни пакети, но некои оператори нудат неограничен интернет во рок од 30 дена за само 10 евра. За 35 евра ќе добиете 10 GB и неограничени минути и СМС пораки. За седум дена, можно е да се најдат пристојни пакети кои чинат дури 3 евра.

Бугарија

Во Бугарија, за 10 лева, што е околу 300 денари, можете да добиете 8 GB Интернет што важи 14 дена, но минутите за разговор ќе можете да ги користите само за локални и за роаминг во земјите на ЕУ. И тука, припејд картичката се купува само со пасош.

Турција

Во Турција, некои оператори нудат пакет за добредојде за туристи кој вклучува 20 GB интернет, 200 минути и неограничен разговор во Whatsapp за 169 турски лири, што е околу 1000 денари. Постојат и пакети кои вклучуваат 750 минути, 1.000 СМС-пораки и 20 GB Интернет за 40 лири (околу 250 денари) и важат 28 дена.

Предупредување за повеќе од 48 милиони луѓе: „Пеколот“ на земјата започнува

Опасно високите температури во југозападниот дел на САД оваа недела ќе бидат уште повисоки и во некои области ќе надминат 49 Целзиусови степени.

Голема жештина ќе се почувствува во поголемиот дел од Јута, како и во јужна и централна Калифорнија, потоа во Невада и Аризона, објави Гардијан.

Националната метеоролошка служба (НВС) испрати предупредување до над 48 милиони луѓе во западен САД за претстојните горештини, а се предвидува дека рекордите за топлина може да бидат соборени во Невада и Аризона.

Необичен феномен
Овој наплив на топлина е невообичаен за јуни - рече метеорологот Малинговски од NWS и додаде дека, низ историјата, највисоките температури биле забележани во јули и август.

Лекарите кои работат во центри за изгореници во американските држави Аризона и Невада, предупредуваат на опасност од повреди на стапалата кога се во контакт со прегреани тротоари и други површини, додека првиот екстремно жежок бран оваа година се шири кон западот на САД.

Системот за висок притисок во Лас Вегас и Феникс се очекува оваа недела да ја подигне температурата на воздухот над 46 степени Целзиусови. Предупредувањата за топлина се однесуваат и на долините во Калифорнија и достигнуваат сè до Монтана и Вајоминг на северот, каде денес се очекуваат 43 степени Целзиусови.

Американската метеоролошка служба предупредува на прекумерна топлина до следниот викенд, а синоптичарите на метеоролошкиот локалитет „AccuWeather“ ги нарекоа „ретки, опасни и смртоносни“ појави.

Опасност за најмладите
Во југозападниот дел на Соединетите држави, проблемот со изгореници од врел асфалт, тротоари, па дури и песок расте како што се зголемуваат температурите поради климатските промени и зголемената урбанизација. Ова е прикажано во службите за итни случаи во Феникс и др.

Бебињата и малите деца се особено подложни, бидејќи на нивната кожа полесно настануваат изгорениците и не можат брзо да избегаат од топлата површина. Бетонот покрај базенот исто така може да предизвика изгореници.

Економист го прогласи Окленд на Нов Зеланд за најдобар град за живеење

Влијателното британско списание „Економист“ го прогласи Окленд од Нов Зеланд за најдобар град за живеење во споредба со 139 други градови во светот. Одличната реакција на овој град во време на пандемијата на коронавирусот придонесе многу за ваквата одлука.

Од 2018 до 2020 година, Виена ја носеше титулата најдобар град за живеење. Но оваа године не е дури ни меѓу првите десет градови  - позициониран е на 12-то место. 

На рангирањето значително се одрази реакцијата на градовите за време на пандемијата, што ја зеде предвид „Економист“.

Се дискутираше за стабилноста и состојбата на здравствената заштита, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата.

Меѓу десетте најдобро рангирани градови се наоѓаат Осака, Аделаида, Велингтон, Токио, Перт, Цирих, Женева, Мелбурн и Бризбејн.

Меѓу десетте најлошо рангирани градови се наоѓаат Дамаск, Лагос, Порт Моресби, Дака, Алжир, Триполи, Карачи, Хараре, Дуала и Каракас.

https://www.youtube.com/watch?v=Jc8v784fHmg

 

Напуштениот дворец во Тоскана порано беше најголемата лабораторија за дрога во Европа

Прекрасниот италијански дворец крие мрачна тајна, бидејќи порано беше најголемата лабораторија за производство на дрога откриена во Европа.

Дворецот се наоѓа во Тоскана и сега е целосно празен откако е напуштен пред 20 години. Како и да е, тој е во добра состојба, има повеќе од 150 соби и се наоѓа во парк со над 170.000 квадратни метри. Во оваа област има и фонтани и пештери.

Дворецот е познат како Castello di Sammezzano, бил изграден од шпански благородници на почетокот на 17 век и има богата историја. Откако поранешниот сопственик беше осуден за измама во 1930-тите, имотот имаше неколку намени.

По Втората светска војна, дворецот беше претворен во хотел и ресторан, но работите се сменија. Во текот на осумдесеттите години, тој беше преземена од нарко банда која ја користеше за производство на дрога.

На крајот, операцијата била прекината за време на полициска рација, а во неа биле пронајдени и четворица хемичари. Сите беа уапсени, вклучително и сопственикот.

И покрај тоа што некое време беше во погрешни раце, дворецот е претежно во својата оригинална состојба, а привлече интерес и од Холивуд. Во него беа снимени некои филмови.

Во Њу Јорк отворена најголемата Хари Потер продавница

Откако беше одложено отворањето заради пандемијата, најголемата продавница Хари Потер на три ката ги отвори вратите вчера во Њу Јорк. Дождот не ги спречи фановите да чекаат во редови за да шетаат по ходниците инспирирани од филмовите и книгите на популарната франшиза.

Иако првенствено наменета за продажба на облека, продавницата Хари Потер нуди уникатен увид во светот на волшебството.

Како што велат посетителите, просторот остава впечаток на мешавина од самата продавница за облека, музејот и светот на волшебниците.

По влегувањето во Хари Потер продавницата во Њу Јорк, посетителите ќе бидат пречекани од огромен, лебдечки модел на Феникс, создаден специјално за оваа нова продавница. Покрај него во продавницата ќе има стотици реквизити со неколку автентични предмети прикажани во филмовите.

Заради многу славни детали изложени во продавницата, обожавателите ќе најдат неколку можности да фотографираат на секој кат, од телефонска говорница во стилот на лондонското Министерство за магија, до исклучително импресивен амбиент каде што можат да позираат во една од Чизмите на Хагрид.

Покрај тоа, Хари Потер продавницата во Њу Јорк дури планира да нурне во областа на виртуелната реалност, со посебни искуства што ќе бидат претставени во продавницата подоцна во текот на летото.

Наскоро обожавателите може да очекуваат да испробаат две сензорни авантури во Виртуелна реалност, првата наречена „Chaos at Hogwarts“, која ги повикува купувачите да стапнат во некој сакан замок, а втората наречена „Wizards Take Flight“, каде што ќе можат да го искусат чувство на летање со метли преку лондонското небо.

Она што е веќе достапно е апликацијата Хари Потер Фан Клуб која ви овозможува да ги скенирате симболите што се наоѓаат покрај реквизитите низ продавницата за да отклучите повеќе информации за нив и да го откриете тајното писмо.

Катедралата Саграда Фамилија во Барселона по седум месеци повторно се отвори за посетителите

По седум месеци, катедралата Саграда Фамилија во Барселона ги отвори вратите за посетителите. Иако ограничувањата поради коронавирус кога се во прашање посетите сè уште постојат, ова сепак може да доведе до очекуваната нормала.

Соодветно на тоа, тоа е само „срамежливо“ отворање само за време на викендите од 9:00 до 15:00 часот, исто како што се случи во јули 2020 година со храмот на Гауди, кој беше отворен по првото присилно затворање.

Соборниот храм изјави дека тие се фокусирани на ова повторно отворање, додавајќи дека ситуацијата сè уште може да се промени ако се земе предвид текот на пандемијата на коронавирусот.

Фото: Louisa Schaad on Unsplash

Во јули минатата година катедралата сакаше да им оддаде почит на граѓаните со билети, но дел од групата чија турнеја беше планирана за октомври не можеше да ужива во тоа, бидејќи Саграда фамилија мораше да биде затворена поради пандемијата.

Сепак, многумина се согласуваат дека по ова отворање, градот ќе заживее малку, и доколку се задржи ваквата епидемиолошка состојба, се планира да се подигне голема дванаесеткрака звезда над Барселона, која ќе ја осветли базиликата, пишува шпанскиот ABC.

Вториот највисок облакодер во светот со повеќе од 150 спрата ќе биде изграден во Русија

Шкотската архитектонска фирма Кетл колектив ги објави плановите за вториот највисок облакодер во светот, кој ќе биде изграден во Санкт Петербург, Русија.

Lakhta Center II ќе биде висок 703 метри, додека највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, ќе биде висока 828 метри. За споредба, сегашната втора највисока зграда во светот е Шангајската кула, висока 632 метри.

Lakhta Center II ќе се гради на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот центар Лахта, кој е највисоката зграда во Европа со висина од 462 метри и е дом на Гаспром.

„Новиот центар Лахта ќе биде пример за одржлив дизајн за глобалното градење“, рече Тони Кетл, менаџер на проектот, пренесува Си-Ен-Ен.

Lakhta Center II ќе има канцелариски простор, простории за сместување и релаксација, на повеќе од 150 спрата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=wvE-e5UFIWg

Посетителите можат да се вакцинираат против коронавирусот во замокот Дракула

Посетителите можат да се вакцинираат против коронавирусот во замокот Дракула

Оние што го посетуваат замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирусот откако ќе се формира центар за вакцинација на ова место во Трансилванија.

Медицинските лица со етикети на костумите нудат вакцинација со вакцини Фајзер на секој што ќе го посети замокот Бран од 14 век, лоциран во централна Романија. Акцијата е дел од планот на владата да ги мотивира Романците да се вакцинираат против коронавирус. Некои веруваат дека замокот бил инспирација за легендарниот роман на Брам Стокер наречен „Дракула“.

Во Романија, од почетокот на пандемијата се заразени нешто повеќе од милион луѓе, а евидентирани се скоро 29.000 смртни случаи.

Целта на владата е да се вакцинираат 10 милиони луѓе до септември, но скоро половина од Романците не сакаат да ја примат вакцината. Сепак, постои надеж дека замокот Бран и неговата единствена иницијатива ќе го зголемат бројот на вакцинирани. Секој викенд во мај, оние кои ќе закажат вакцинација, ќе можат бесплатно да видат изложба на 52 уреди за тортура.

Властите, исто така, се надеваат дека ќе го зголемат бројот на посети на замокот, кој е намален поради пандемијата.

Без коронавирус на островoт Капри, Италијанците „крадат“ туристи од Шпанија и Грција

Без коронавирус на островoт Капри, Италијанците „крадат“ туристи од Шпанија и Грција

Европа планира постепено да им се отвори на туристите по строгите мерки и ограничувања наметнати поради пандемијата на коронавирусите, а една од туристичките дестинации во Италија е „ослободена“ од коронавирус.

Туризмот во Италија сочинува 13 проценти од БДП, а Капри е остров каде нема случаи на коронавирус. Островот се наоѓа во Неаполскиот залив, а познат е по тоа што во просек го посетуваат побогати туристи. Сепак, оваа година привлече внимание бидејќи властите успеаја да ги вакцинираат сите жители на островот.

"Ние се подготвуваме да пречекаме милиони туристи и да ги спречиме да заминат во Шпанија или Грција. Сега е клучно да не губиме време. Хотелскиот сектор мора да донесе одлуки, во спротивно ќе ја изгубиме целата туристичка сезона", рече Винченцо Де Лука , гувернер на поширокиот регион Кампанија.

Градоначалникот на Капри, Марино Ламо, за Си-Ен-Ен изјави дека скоро целото население од 15.000 жители ја примило првата доза на вакцината. До крајот на оваа недела сите туристички работници кои не живеат на островот, но редовно го посетуваат, ќе бидат вакцинирани.

На островот има 60 хотели, а властите се подготвени да организираат PCR тестирање за туристите за да можат да ги понесат резултатите со себе кога ќе го напуштат островот.

Капри забележа пад од 70 проценти во туристичкиот сектор во 2020 година, поради пандемијата на коронавируси. Сепак, властите веруваат дека островот има што да понуди дури и во време на социјално растојание благодарение на неговите природни патеки.

Италијанскиот остров Процида претходно го вакцинираше целото свое население. Италија има околу 30 мали острови кои се релативно ненаселени, но кои се популарни меѓу туристите во текот на летото.

До 10 мај, 24 милиони вакцини биле користени во Италија, но нешто повеќе од 12 проценти од населението биле целосно вакцинирани.