Откако беше одложено отворањето заради пандемијата, најголемата продавница Хари Потер на три ката ги отвори вратите вчера во Њу Јорк. Дождот не ги спречи фановите да чекаат во редови за да шетаат по ходниците инспирирани од филмовите и книгите на популарната франшиза.
Иако првенствено наменета за продажба на облека, продавницата Хари Потер нуди уникатен увид во светот на волшебството.
Како што велат посетителите, просторот остава впечаток на мешавина од самата продавница за облека, музејот и светот на волшебниците.
По влегувањето во Хари Потер продавницата во Њу Јорк, посетителите ќе бидат пречекани од огромен, лебдечки модел на Феникс, создаден специјално за оваа нова продавница. Покрај него во продавницата ќе има стотици реквизити со неколку автентични предмети прикажани во филмовите.
Заради многу славни детали изложени во продавницата, обожавателите ќе најдат неколку можности да фотографираат на секој кат, од телефонска говорница во стилот на лондонското Министерство за магија, до исклучително импресивен амбиент каде што можат да позираат во една од Чизмите на Хагрид.
Покрај тоа, Хари Потер продавницата во Њу Јорк дури планира да нурне во областа на виртуелната реалност, со посебни искуства што ќе бидат претставени во продавницата подоцна во текот на летото.
Наскоро обожавателите може да очекуваат да испробаат две сензорни авантури во Виртуелна реалност, првата наречена „Chaos at Hogwarts“, која ги повикува купувачите да стапнат во некој сакан замок, а втората наречена „Wizards Take Flight“, каде што ќе можат да го искусат чувство на летање со метли преку лондонското небо.
Она што е веќе достапно е апликацијата Хари Потер Фан Клуб која ви овозможува да ги скенирате симболите што се наоѓаат покрај реквизитите низ продавницата за да отклучите повеќе информации за нив и да го откриете тајното писмо.