6 години стариот Iphone 6s добива подршка со новиот IOS 15

Фото: unsplash

IPhone 6S на Apple во септември ќе наполни шест години, што е вечност за мобилните телефони, но за оние кои сè уште го користат, пристигна добрата вест.

Кога Епл ќе го лансира својот iOS 15 оваа есен, тој ќе биде достапен и за iPhone 6S, iPhone 6S Plus како и за првата генерација на iPhone SE, уредите што „фабрички“ дојдоа со iOS 9.

Кога станува збор за Андроид, Самсунг презеде чекори за подобрување на долговечноста на своите уреди и обезбеди четиригодишна безбедносна поддршка за некои од своите мобилни телефони. Сепак, шестгодишната поддршка на iPhone 6S го става Apple во прва лига кога станува збор за поддршка.

Сепак, треба да се напомене дека многу од новите карактеристики нема да бидат компатибилни со процесорот A9 Bionic што работи на iPhone 6S. Visual Lookup, Live Text во случај на фотографии, режим на портрет во FaceTime, нови карактеристики на Мапи и др. - нема да бидат достапни за моделот 6S, бидејќи за нив е потребен уред со процесор A12 Bionic што го имаат XS, XR и поновите модели.

Исто така, можно е поновиот софтвер да забави постар мобилен телефон кој работи со застарен и побавен процесор, но тоа не мора да биде случај. IOS 14 немаше значително влијание врз перформансите на 6S.

Она што може да биде проблем е траењето на батеријата. Додатоците и слично се потешки за употреба на 4,7-инчен екран во споредба со денешните стандардни 6-инчни и поголеми панели. Затоа, може да се заклучи дека ќе има некои потешкотии со компатибилноста.